Англија
Мата си ја отвори душата на заминување: Треба рестарт на културата во Јунајтед!

Хуан Мата доби стоечки овации од гледалиштето на „Олд Трафорд“ и беше испратен како што доликува, но на заминување од клубот, искусниот шпански фудбалер не пропушти да потенцира дека се потребни огромни промени во Манчестер Јунајтед.
Мата се задржа девет години во Јунајтед и се соочи со сите непријатни ситуации, кои се чини дека кулминираа оваа сезона по смената на Оле Гунар Солскјер и лошото менаџирање од повисоките инстанци.
Ангажманот на Ралф Рангник се покажа како големо промашување, па Германецот во новата сезона ќе има улога на советник, а лидер како тренер ќе биде Ерик Тен Хаг.
– Јасно е дека ние играчите направивме многу грешки на теренот, можевме да се носиме подобро и со одредени ситуации во клубот. Менување менаџери, негативни работи, на крајот се то асе одрази премногу лошо во Карингтон центарот. Не беа исполнети одредени стандарди и мора да бидеме искрени.
– Без оглед на нивото на тренинг, односот на теренот, не бевме доволно добри. Имаше работи кои беа надвор од контрола, но кои не требаше да стигнат до нас фудбалерите. Потребен е рестарт во културата на клубот, тоа е она што јас го чувствувам. Мора да се исполнат и да се постават нови стандарди, за оние на теренот, но и за оние вработени во клубот надвор од теренот. Ова е Манчестер Јунајтед и секој оној кој не ги исполнува стандардите, не треба да биде во клубот. Не може да биде појасно од тоа, – вели Мата.
-
Светпред 16 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 16 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
АТПпред 18 часа
Алкарас се врати од загубена ситуација и со еден поен ги крена на нозе тениските фанови во Лондон (Видео)
-
Светпред 17 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Италијапред 17 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 5 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
Италијапред 17 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот
-
Англијапред 11 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола