Мата: Минатата сезона не беше добра, ние мораме…

junajted

Манчестер Јунајтед одигра под нивото во минатата сезона, а за тоа се свесни и во таборот на „црвените ѓаволи“ кои се подготвени да дадат се од себе и тоа да го поправат во натпреварувачката 2019/2020.

Искусниот Хуан Мата кој минатиот месец потпиша нов договор знае дека тој треба да биде еден од лидерите на оваа група која дефинитивно има потенцијал, квалитет, ама тоа мора да го потврди, покаже на теренот.

-Сите знаеме дека минатата сезона не беше добра. Ние мораме да се подобриме, треба да го дадеме најдоброто од нас во нареднава сезона. Мора да го подигнеме нашето ниво и да се натпреваруваме и да видиме каде ќе завршиме. Знаете нивото во Премиер лигата е се подобро и подобро во секоја година. Сите клубови носат добри играчи, па ние треба да се обидеме да бидеме најдобри, -порача Мата.

Јунајтед минатата кампања ја заврши на шестото место во Премиер лигата, додека пак во Лигата на шампионите беше запрен во четвртфиналето од Барселона.

Facebook Коментари