Мат Хол со победа на Балатон ја разниша табелата во светското првенство

Photographer Credit:
Joerg Mitter / Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Joerg Mitter / Red Bull Content Pool

Австралискиот пилот Мат Хол го разбранува светскиот шампионат на Red Bull Air Race со убедлива победа на историската прва трка на езерото Балатон, во Унгарија. Британецот Бен Марфи заврши како втор, освојувајќи го својот прв подиум во својата скорозапочната кариера во светското првенство, а на трето место беше Канаѓанецот Пит МекЛеод, за кого ова беше прв подиум по 2018 година. Во меѓувреме, раното испашање на Јапонецот Јошихиде Муроја му овозможи на актуелниот светски шампион Мартин Шонка од Чешката република да скокне на врвот од табелата и покрај тоа што удри во воздушен столб при настапот во финалето на последните четири пилоти.

Околу сто илјади гледачи на плажите на туристичкиот град Замарди на 13 и 14 јули имаа возбудлив вовед во спортот каде се лета со 370 километри на час, додека четиринаесет пилоти им одолеваа на променливите ветрови на трасираната патеката над езерото Балатон во третата трка од светското првенство Red Bull Air Race. Откако победи на првите две трки во сезоната, Муроја се надеваше дека ќе ја обезбеди титулата од светското првенство во Унгарија, но не му било судено, затоа што изгуби во првата рунда против Хол, трикратниот освојувач на второ место во генералниот пласман кој ја искажа својата намера да победи на последните две трки и да ја освои титулата.

Веќе во финалните четворица, Шонка знаеше дека ќе го преземе водството на табелата од Муроја, но со колкава разлика? Хал, Марфи и МекЛеод успеаја да постигнат времиња под 59 секунди, а Хал беше најдобар со 58,839, на само 0.118 секунди пред поранешниот тимски лидер на Ред Ероус, Марфи. Во редок недостиг на концентрација, Шонка не успеа да ја искористи шансата да освои максимален број бодови, удирајќи во воздушен столб кај четвртата порта, па доби казна од три секунди и заврши со време од 1:02.391.

Сега се ќе се решава на последната трка од 2019, финалето на сезоната во Чиба, Јапонија, на 7 и 8 септември. На домашната трка на Муроја можно е да се освојат 28 поени: 3 поени за победникот во квалификациите, плус 25 поени за победникот на трката. Водството на табелата на Шонка е несигурно, со вкупно 65 поени на првото место, додека Хол сега има 61, а Муроја 55 бода. Исто така, неколку претенденти, меѓу кои и Марфи и, пилотот кој заврши на подиумот во генералниот пласман во 2018, Мајкл Гулијан од САД, се во позиција да освојат место меѓу првите тројца. Муроја има победено на 50 насто од неговите претходни трки во Чиба, но минатата година Хол беше тој што триумфираше таму, додека Шонка беше трет, а Муроја, за изненадување, на последно место.

– Ова беше добро. Се трудев со сета сила, и ги фаќав сите агли кои можев. Чувствував како капиите поминуваат покрај мене, можев да ги почувствувам како шушкаат покрај крилата. Тоа беше се што имав на оваа патека. Знаев дека мора да дадам се од себе, зашто нема поента да се биде втор со поените какви што се во моментов. Му се прикрадов на Мартин, и дефинитивно му се прикрадов на Јоши. Тоа значи дека враќањето на трката во Чиба ќе биде… не забавно, туку возбудливо. Ќе биде „тесна“ трка,- изјави победникот Мат Хол.

Следете ги сите настани додека Red Bull Air Race се вивкнува кон септемвриското финале на сезоната на www.redbullairrace.com.

 


View this post on Instagram

[email protected] was saving his best run for the F4! Relive his gameplan here. 👀🙏🏆✨ #airrace #Hungary

A post shared by Red Bull Air Race (@redbullairrace) on

Резултати Мастер класа, езеро Балатон 2019:

1. Мат Хол (Австралија), 2. Бен Марфи (Велика Британија), 3. Пит МекЛеонд (Канада), 4. Мартин Шонка (Чешка), 5. Хуан Веларде (Шпанија), 6. Кирби Чемблис (САД), 7. Мајкл Гулија (САД), 8. Кристијан Болтон (Чиле), 9. Петр Копфстајн (Чешка), 10. Мика Бражо (Франција), 11. Николас Иваноф (Франција), 12. Јошихиде Муроја (Јапонија), 13. Матијас Долдерер (Германија), 14. Франсоа Ле Вот (Франција)

Табела по три трки:

1. Мартин Шонка (Чешка) 65 поени, 2. Мат Хол (Австралија) 61 поени, 3. Јошихиде Муроја (Јапонија) 55 поени, 4. Бен Марфи (Велика Британија) 37 поени, 5. Мајкл Гулијан (САД) 37 поени, 6. Николас Иваноф (Франција) 33 поени, 7. Хуан Веларде (Шпанија) 32 поени, 8. Мика Бражо (Франција) 31 поен, 9. Пит МекЛеод (Канада) 30 поени, 10. Кирби Чемблис (САД) 26 поени, 11. Кристијан Болтон (Чиле) 24 поени, 12. Франсоа Ле Вот (Франција), 13. Петр Копфстајн (Чешка) 10 поени, 14. Матијас Долдерер (Германија) 4 поени.

Facebook Коментари