Поврзете се со нас

Македонија

Маслинко си замина од МЗТ Скопје и се пресели на другата страна од градот

Објавено

на

Андреј Маслинко заработи тешка повреда на скочниот зглоб во 2020-та година и поради проблем со лигаментите паузираше една цела сезона, па сега реши новата натпреварувачка сезона да ја започне со нов предизвик.

Маслинко ги надминал проблемите со незгодната повреда и е подготвен за враќање на кошаркарските терени, но тоа нема да го направи како играч на МЗТ Скопје, туку за новиот градски ривал од Тафталиџе.

Младиот 24-годишен кошаркар реши кариерата да ја продолжи во ТФТ Скопје, клуб кој денеска потврди дека Маслинко е четвртото летно засилување за новата сезона, второ од домашната сцена.

Покрај Масилнко, претходно за ТФТ потпиша и Виктор Ташовски, додека од страна пристигнаа Американците Јован Моринг и Еј-Џеј Џон.

ТФТ во новата сезона ќе се натпреварува на четири фронта, бидејќи покрај стандардните обврски во домашното првенство и Купот, пријави учество и во ФИБА Европкупот и БИБЛ лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни