Репрезентација
Маслинко: Секогаш сум тука за Македонија, сакаме две победи!

Македонија ги започна подготовките за дуелите против Естонија и Полска во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Ова се натпревари на кои немаме право на грешка, натпревари кои мораме да ги добиеме ако сакаме да имаме шанса да дојдеме до собирот на најдобрите селекции на стариот континент.
Проблематични ни се позициите 4 и 5, центарската линија каде се очекува најголема одговорност да падне врз Андреј Маслинко кој имаше фантастични настапи за МЗТ Скопје во Купот на Македонија, турнир на кој беше прогласен и за МВП, па желбата, целта е да ги повтори тие изданија и во националниот тим.
-Одиме на две победи. Двете репрезентации ни се познати. Со Естонија и во претходниот циклус имавме две средби така што мораме да победиме ако сакаме да играме на Европско првенство. Секако, напаѓачки сега сме доста подобри. Имаме двајца плејмејкери кои можат да играат со топката. Малку сме послаби на центарски позиции, меѓутоа ќе се обидеме да надокнадиме на тоа. Секогаш сум тука за Македонија, -порача Маслинко.
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија23 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства7 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!