Поврзете се со нас

Италија

Маскотата на Рома на брутален начин ги истрола Интер и раперот Канје Вест (Видео)

Објавено

на

Познатиот рапер Канје Вест беше вип гостин на Интер во осминафиналната пресметка против Атлетико во Лигата на шампионите, но неговиот аутфит не остави никого рамнодушен и Американецот брзо стана предмет за потсмев на социјалните мрежи.

Фудбалските фанови беа доста досетливи и брутални во обидот да го исмејат познатиот рапер, а во тој тренд продолжи и добро познатата маскота на Рома.

Римската „волчица“ денеска брутално го истрола Канје Вест за изданието во кое се прикажа на „Џузепе Меаца“, нешто со што автоматски му фати сеир и на Интер.

– Специјален гостин на „Олимпико“, – гласи објавата на Рома која брзо стана вирална и почна на големо да се шири на социјалните мрежи.

Оваа објава пристигна на еден час пред бараж пресметката меѓу Рома и Феенорд во Лигата на Европа, дуел по кој ќе дознаеме кој тим ќе патува во осминафиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни