Маскерано за „топлиот“ пречек од Пеп: Никогаш нема да ја заборавам фразата која ми ја кажа Гвардиола откако ме доведе во Барса!

maske-pep

Се поизвесно е дека Хавиер Маскерано ја игра својата последна сезона како член на Барселона, а додека каталонските медиуми шпекулираат дека Аргентинецот може да си замине уште во зимскиот преоден рок, пристигна изјава од самиот фудбалер.

Популарниот „Хефесито“ (шеф) во интервјуто за „Ел Графико“ се наврати на неговите почетоци во Барселона, односно на првата средба која ја имал со Пеп Гвардиола, а која имала навистина чуден тек и неочекуван развој.

Гвардиола инсистираше на трансферот на Маскерано во 2010 година, но всушност шпанскиот стручњак уште на првата средба му порачал на фудбалерот за врска дека тој не е негов прв избор и дека нема многу да игра.

– Гвардиола ме пречека со класична музика и со фраза која никогаш нема да ја заборавам. Знаеш дека доаѓаш тука за да не играш, нели. Тоа беа зборовите кои ми ги упати Пеп, а јас му порачав дека со мене нема да има никакви проблеми околу такви работи. Јас ги прифаќам работите такви какви што се, иако други имаат поинаква слика за мене. Навистина зборував многу со Пеп за фудбал, постојано го правевме тоа за време на двете години кои ги минавме заедно. Тој ме прашуваше за Бјелса и за Премиер лигата. Уште тогаш во неговата глава беше зацртано дека ќе работи во Премиер лигата, – открива Маскерано.

Facebook Коментари