Поврзете се со нас

Свет

Маскерано за ставот на Роналдо дека е „GOAT“: Го почитувам…

Објавено

на

foto:twitter.com/Argentina

Кристијано Роналдо пред некоку дена уште еднаш себеси се прогласи за најдобар, најкомплетен играч во историјата на фудбалот.

Роналдо: Не сум видел ниту еден подобар играч од мене во историјата на фудбалот (Видео)

Португалецот и во минатото не играл на картата скромност и секогаш сакал себеси да се стави во прв план, врвот, меѓутоа повеќе од јасно е дека има различни мислења на оваа тема затоа што фудбалот е спорт кој се игра долго време, различни времиња и периоди кои си носат херои на своето време.

Поранешниот аргентински репрезентативец и сегашен тренер на Интер Мајами, Хавиер Маскерано беше запрашан за тоа што мисли за ова тврдење, став на Роналдо, а неговиот одговор беше краток и јасен.

-Многу го почитувам Кристијано (Роналдо) и не морам да ги анализирам неговите мислења. Тоа е она што тој го мисли. Имам свои мисли и не е тоа, -порача Маскерано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни