Свет
Маскерано за најавата за спојување на легендарното трио: Секој тренер…

Хавиер Маскерано го прифати предизвикот и беше назначен за предводник на МЛС составот Интер Мајами каде одново ќе има можност да соработува со добро познати имиња како Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жорди Алба, Луис Суарез со таа разлика што сега нивниот однос ќе биде поинаков затоа што Аргентинецот ја има улогата на тренер.
Ова дефинитивно е ѕвезден тим на клубот од Флорида кој во меѓувреме се поврзува и со други имиња, а некои и пак се нудат посакуваат да се најдат таму како што е Нејмар.
Бразилецот има договор со Ал Хилал до крајот на сезонава и истиот најверојатно нема да биде продолжен, па токму напаѓачот пред неколку дена посочи дека би било убаво ако одново би се заиграл заедно со Меси и Суарез.
Нејмар со „бомба“ за својата иднина: Би било интересно да се спои легендарното трио
Маскерано не би имал ништо против оваа опција, меѓутоа според сегашните правила тоа е неверојатно и тоа добро го знае популарниот Ел Хефесито.
-Не можеме да зборуваме за Нејмар бидејќи немаме ништо. Очигледно Нејмар е одличен играч. Секој тренер во светот го сака, но во моментов, ги знаете правилата на МЛС околу ограничувањата на платите. Така, за нас во овој момент, невозможно е да се обидеме да размислуваме за него, -порача Аргентинецот.
-
Англија22 часа
ФА Куп: Јунајтед доби нов премиерлигашки предизвик, Сити го доби „убиецот“ на фаворити
-
Англија23 часа
Дало убеден во успех со Аморим: Со него можеме да ја освоиме титулата во Премиер лигата
-
НБА21 час
Леброн во одбрана на Дончиќ: Кога кловнот ќе се пресели во палата…
-
НБА10 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Италија19 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Соуза нема дилеми кој е најдобриот тим во Италија: Тие се фаворити за Скудетото
-
Англија18 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
Лига на шампиони20 часа
Гвардиола: Овој тим е посебен, верувам…