Поврзете се со нас

Свет

Маскерано: Титулите не се најголемо наследство на Гвардиола

Објавено

на

foto:twitter.com/Argentina

Хавиер Маскерано во свое време важеше за еден од најдобрите деструктивци во светот и благодарение на својот карактер ја носеше и капитенската лента на Аргентина, а по крајот на кариерата, стана и селектор на младинската селекција на својата земја.

Маскерано е пред голем предизвик во новата етапа од професионалната кариера бидејќи ќе ја води Аргентина на Олимписките игри во Париз, но говорејќи за тренерската позиција како професија, вели дека многу научил од сите тренери кои ги имаше како свои ментори.

Сепак, кога е филозофијата во прашање, Маскерано потенцира дека не копира никого и дека тоа едноставно е невозможно да се направи, особено ако сакате да го имитирате Пеп Гвардиола.

– Титулите не се најголемото наследство на Гвардиола, негово најголемо наследство е тоа што му го донесе на фудбалот. Имаше фудбал пред Пеп и фудбал после Гвардиола.

– Кога јас дојдов во Европа во 2006-та година, се играше многу поинаков фудбал, а после Барса на Пеп Гвардиола, фудбалот доби нов лик. Сега сите тимови се обидуваат да ја изнесат топката од одбраната и вршат притисок со пресинг, пред Гвардиола, фудбалот изгледаше многу помирен и поприроден, – порачува Маскерано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни