Маскерано откри зошто му пропаднал трансферот во Наполи

mascherano

Хавиер Маскерано, кој сега е на чекор да потпише за кинескиот клуб Хебеи, откри дека бил многу блиску да премине во Барселона во Наполи кога тренер на италијанскиот тим беше Рафа Бенитез.

Аргентинскиот дефанзивец на Барселона вели дека имал опција да си замине од „Камп Ноу“ во 2014 година, но на крајот трансферот пропаднал.

– Имав опција да си замина од Барселона во 2014 година и Наполи на Бенитез беше заинтересиран. Му кажав на спортскиот директор Андони Зубизарета дека мојата ера во дресот на Барселона заврши, но тој ми кажа дека не е така, бидејќи клубот се уште смета на мене. Новиот тренер тогаш, Луис Енрике, исто така, ми кажа да останам, но морам да признаам дека имав голема желба повторно да соработувам со Бенитез. Никогаш нема да моѓжам доволно да му се заблагодарам за се што направи за мојата кариера – изјави Маскерано за шпанските медиуми.

 

Facebook Коментари