Поврзете се со нас

Свет

Маскерано ја заврши фудбалската кариера

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Барселона, Хавиер Маскерано, соопшти дека ја завршува својата професионална фудбалска кариера.

Аргентинската ѕвезда ги информираше медиумите за својата одлука на прес-конференција на својот последен клуб, Естудијантес, одосно по триумфот над Аргентинос со 1:0 во домашното првенство.

– Денеска го одиграв мојот последен натпревар, ова е одлука за која размислував подолго време.

– И се посветив на оваа професија сто проценти, но чувствувам дека не можам да бидам на истото ниво и оваа одлука не е поврзана со клубот или резултатите на екипата. Му благодарам на Естудијантес што ми овозможи да ја завршам кариерата во Аргентина, – изјавил 36-годишниот Маскерано.

Маскерано се наметна како квалитетен играч во Ривер Плата, односно по трансферот во Коринтијанс, по што доби повик од Европа, каде го облече дресот на Вест Хем. Подоцна настапуваше за Ливерпул и Барселона, пред да замине во Кина, односно да се врати во својата татковина.

Освои пет титули во Шпанија со Барселона, клубот со кој два пати беше и европски шампион, а со Аргентина настапуваше на дури четири светски првенства.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни