Поврзете се со нас

Свет

Маскерано: Имав разговор со Меси…

Објавено

на

foto:x.com/InterMiamiCF

Хавиер Маскерано го доби првиот клупски тренерски предизвик во кариерата и тоа како предводник на МЛС тимот Интер Мајами.

Тој го прифати повикот повикот на составот од Флорида и ќе биде замена за Херардо Тата Мартино. Во новата средина тој ќе се сретне со добро познати лица со кои ја делеше соблекувалната во Барселона како Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез.

Секако со Меси има најспецифичен однос затоа што соработуваше заедно и во националниот тим, па Маскерано откри дека разговарал со сонародникот кој отворено му го кажал своето мислење.

-Разговарав со Лео за да го добијам неговото мислење. Имам среќа што имам многу течен однос со него и тоа ми овозможува да бидам искрен и да можам да разговарам со него во длабочина и тој да биде искрен со мене за она што го мисли. Тој е личност која обично не се вклучува премногу. Очигледно, го знаеме влијанието и важноста што Лео ги има и ги имал во текот на неговата кариера во сите тимови и клубови. Многу сум среќен што сум тука и со нетрпение очекувам да започнам со тренинзи.

-Мора да запомниме дека не е дека ја правиме таа промена [од соиграч во тренер] во моментов, многу вода помина под мостот. Ја напуштив Барселона во 2018 година и многу се променија. Ние сме возрасни луѓе, знаеме да ги разликуваме работите. Мислам дека животот е полесен кога ги правиме работите природно, а не форсираме ситуации. Го земам како предност што можам да се познаваме, што ги имав за соиграчи и очигледно сега имам одлични играчи како нив, -порача популарниот Ел Хефесито.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни