Маскерано ги објасни причините зошто сака да си замине од Барселона

maskerano

Дефанзивецот на Барселона Хавиер Маскерано ги објасни причините зошто сака да си замине од „Камп Ноу“.

Тој вели дека никого не обвинува за неговата актуелна ситуација во клубот.

– Јасно е дека веќе не сум така важен за клубот изминативе неколку сезони. Неодамна зборував со управата околу ситуацијата во која што се наоѓам. Никој не е виновен за тоа, едноставно тоа е реалноста – изјави Маскерано во интервју за „Тик Спортс“.

Тој зборуваше и за постојаните повреди што ги има во последно време.

– Она што најмногу ме загрижува е тоа што во последните 11 месеци имав 5 мускулни повреди. Мислам дека тоа се случува бидејќи немам контиунитет во настапите – вели Маскерано.

На крај, тој рече: „Ќе си заминам оној ден кога ќе почувствувам дека сум проблем за клубот“.

Facebook Коментари