Маскерано: Ако Меси се врати во Аргентина…

messimasche

Хавиер Маскерано пред одредено време се врати во Аргентина каде потпиша за Естудијантес, а пак сега даде свој коментар околу можноста тоа во иднина да го направи и неговиот добар пријател Лионел Меси.

Меси целата своја професионална кариера е дел од Барселона, но многупати има посочено дека останува отворено еден ден да се врати во татковината, да заигра во аргентинскиот шампионат со напомена дека таа одлука не зависи исклучиво само од него.

-Се може да се случи во фудбалот и се зависи од неговата желба да игра во Аргентина. Исто тука е семејниот аспект кога ќе одлучи каде ќе живее. Овие се лични прашања и никој друг не може да влијае врз нив. Ако реши да дојде овде во иднина, ќе биде огромен скок на квалитетот за нашата лига и земјата, -вели Маскерано и додава:

-Моето враќање ќе биде ништо во споредба со она на Лео. Тој е најдобриот играч на светот, -дополнува популарниот „Ел Хефесито“.

Facebook Коментари