Италија
Масимо Морати со коментарот за иднината на Лаутаро ги разочара фановите на Интер
И повеќе од јасно е дека младиот аргентински офанзивец, Лаутаро Мартинез ќе биде трансфер цел број еден за тимот на Барселона.
Сепак, финансиската криза предизвикана од коронавирусот малку ги забави преговорите околу трансферот на Лаутаро на „Камп Ноу“, а Барселона сега наместо пари ќе понуди играчи плус пари.
Се додека не се постигне прифатлива понуда, Лаутаро ќе остане на „Меаца“, но поранешниот прв човек на Интер, Масимо Морати смета дека клубот нема да може долго да одолева на понудите на шпанскиот тим.
Според Морати, доколку Лаутаро одлучи да си замине од Интер ќе биде екстра тешко на клубот да го сочува во своите редови.
– Не може да задржите играч кој сака да игра на друго место. Ако остане тука би бил во незавидна ситуација. Би останал против своја волја во истиот клуб и сигурно не би бил задоволен, -кратко изјави Морати.
Инаку, Морати претходно изјави дека Барселона испраќа несериозни понуди за Лаутаро во овој момент, но верува дека во одреден период ќе пристигне и вистинската понуда на која Лаутаро тешко дека ќе каже „не“.
-
АТПпред 24 часа
Ѓоковиќ: Не е важно од каде сте и каква боја е вашата кожа, спортот секогаш…
-
Шпанијапред 15 часа
Белингам доби специјална награда во Мадрид, но ја изведе и својата хит прослава заедно со легендарниот Болт (Видео)
-
Италијапред 24 часа
Капитенот Мартинез: Многу ми значи оваа титула, сакаме…
-
НБАпред 15 часа
Јокиќ брутален, Мареј го потопи Лејкерс со звукот на сирената (Видео)
-
Италијапред 8 часа
Чалханоглу ги дочека своите моменти на слава и им се одмазди на тифозите на Милан (Фото)
-
Шпанијапред 11 часа
Ѓоковиќ импресиониран од еден играч на Реал: Не сум фудбалски стручњак, но тој има црти на шампион!
-
Шпанијапред 12 часа
Шпанците ја објавија аудио комуникацијата меѓу Сото Градо и ВАР за фантомскиот гол на „Ел Класико“ (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Марота го издвои најважниот човек во шампионскиот поход на Интер: Покажа дека е голем победник