Поврзете се со нас

Формула 1

Маси и Доменикали одговорија на нападите на Хамилтон по трката во Белгија

Објавено

на

Формула 1 и директорот на трката во Белгија, Мајкл Маси, не успеаја да обезбедат поволни услови за трка на Спа, откако упорниот дожд не дозволи повеќе од два круга за болидите кои беа подготвени за вистински натпревар.

По критиките кои пристигнаа на сметка на одговорните дека инсистирале на два извозени круга за да може да поделат по половина поени од вообичаеното, Луис Хамилтон во својата изјава спомена и понеделничка трка.

Хамилтон лут на одговорните во Ф1: Фановите беа ограбени

Сепак, Маси вели дека тоа било невозможна опција.

– Не постоеше начин за возење во понеделник.

– Листата со причини би била на многу страници, вклучувајќи ги тие на Формула 1, организаторите и клубовите, – изјавил Маси.

Формула 1 тимовите веќе се селат во Холандија каде следниот викенд ќе се вози следната Ф1 трка.

Стефано Доменикали исто така застанал во одбрана на преземените одлуки, демантирајќи го Хамилтон дека двата круга биле извозени само од комерцијални причини.

– Навистина постоеше волја да има трка. Но, проблемот беше тоа што времето стана уште полошо, односно наместо подобри услови во предвидениот „прозорец“, добивме уште полоши услови на патеката и одговорните мораа да ја прекинат. Нема ништо комерцијално во таа одлука, ве уверувам, – истакнал претседателот на Формула 1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни