Машина: Најголемата ѕвезда на Феникс „испука“ 45 тројки во низа (Видео)

buker

Екипата на Феникс Санс има солиден старт на оваа сезона во НБА лигата и со учинок 8-10 (победи/порази) е на осмата позиција на Западот што значи во моментов има место кое води во разигрувањето за титулата.

Дефинитивно најзаслужен за овој сегашен резултат е Девин Букер кој има учинок од 24,5 поени, 3,7 скокови и 6,3 асистеции со тоа што очекува допррва да блесне и да ги крене своите бројки како што знаа и умее. Колку може да биде опасен Букер добро говори видеото кое „сонцата“ од Аризона го објавија на социјалните мрежи на коие се гледа како погодува 45 тројки во низа на еден од тренинзите.

Потоа Девин се пофали дека успеал да дојде до бројка од 123 тројки и дека го држи рекордот.

-Успеав да дојдам до 123. Ова е добар ден, сега ова е нашиот рекорд, -истакна првата ѕвезда на Феникс.

Facebook Коментари