Масара: Феноменот Ибрахимовиќ сам ќе одлучи за својата иднина

ibra-inter

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ на почетокот на оваа година се врати во Милан откако ја заврши приказната во МЛС лигата со Лос Анџелес Галакси.

Неговото присуство дефинитивно го размрда Милан, но и понатаму останува неизвесно дали ќе остане во сегашната средина и по крајот на кампањата. Тој има активен договор до јуни со опција соработката да биде продолжена за уште 12 месеци, па интересно ќе биде каква ќе биде неговата одлука со оглед на тоа што клубот дефинитивно сака да остане.

-На крајот се зависи од него, како се чувствува и колку долго сака да продолжи. Тој навистина е феномен и ние сме многу среќни со неговите настапи, -истакна директор за спорт на „црвено-црните“, Рики Масара.

Facebook Коментари