Поврзете се со нас

Формула 1

Маса: Знам во каква состојба е Шумахер, се молам за него секој ден

Објавено

на

Здравствената состојба на Михаел Шумахер е најголемата мистерија во светската спортска јавност и дефинитивно најдобро чувана тајна од страна на неговото блиско семејство, па поради тоа, фановите си создаваат своја слика според изјавите кои ги слушаат од луѓето кои своевремено беа блиски со Германецот надвор од приватниот живот.

Еден од нив секако е поранешниот тимски колега во Ферари, Фелипе Маса, легендарниот бразилски Ф1 пилот кој сега се најде во центарот на вниманието со изјавата која ја даде за „Фокс Спорт“.

Маса потенцира дека состојбата на Шуми не е воопшто лесна и едноставна, а иако знае во каква ситуација е поточно, одлучи да ја почитува одлуката на неговата сопруга, која сака да остане што поприватна секоја детална информација.

– Знам како е Шумахер, имам добра информација. Мојот однос со него отсекогаш бил многу близок. Сепак, со неговата сопруга Корина не толку, таа не доаѓаше често на трките.

– Најважно од се е следното, треба да се знае дека неговата ситуација не е лесна, тој е во тешка фаза, но треба да го почитуваме барањето на неговото семејство. Не сакаат да се прошири никаква информација и кој сум јас за да го направам тоа? Се молам секој ден за да му се подобри ситуацијата, да се врати на трките како гледач и да го гледа својот син како вози. Се молам да се случи тоа еден ден, – открива Маса.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни