Италија
Марушиќ постигна фантастичен гол, Гендузи му покажуваше на судијата дека бил гаѓан со камен (Видео)
Лацио успеа да се опорави од болниот пораз од Интер и се врати на победнички патеки во Серија А, без разлика на тоа што мораше да се мачи за да дојде до три бода на „Виа дел Маре“.
Гостите од Рим го скршија Лече кој играше со играч помалку во 87-та минута и преку Марушиќ постигнаа победнички гол за 1:2, погодок кој донесе и одредена тензија на теренот.
Марушиќ го претрча цел терен за да се радува со гостинските навивачи на Лацио, па откако сите соиграчи го следеа неговиот пример, долетаа и неколку предмети од трибините.
Навивачите на Лече не беа импресионирани од прославата на „лацијалите“, а Матео Гендузи му покажуваше на главниот судија Манганиело дека бил гаѓан со камен.
Овој инцидент предизвика големо внимание поради реакцијата на Французинот, па останува да се види дали Серија А ќе покрене истрага за случувањата од трибините, особено поради тоа што работата можеше да биде и далеку посериозна ако каменот завршеше во некоја глава.
Sasso lanciato in Lecce-Lazio: Guendouzi porta al quarto uomo, caos tra i calciatori e le panchine 💥🪨https://t.co/Qb4tHwJMgW
— GOAL Italia (@GoalItalia) December 21, 2024
-
АТП7 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија16 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Англија17 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП15 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)
-
Италија15 часа
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер
-
Италија13 часа
Јувентус договорил напаѓач, ама постои опасност да остане без него