Поврзете се со нас

Италија

Марушиќ донесе три бода за Лацио на „Виа Дел Маре“(ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Составот на Лацио ги освои трите посакувани бода на вечерашното гостување кај Лече на „Виа Дел Маре“.

Клубот од Рим посакуваше триумф со кој ќе се рехабилитира по тешкиот пораз од Интер (6-0), цел која ја оствари со славје од 2-1.

Домашниот тим во финишот на првиот дел остана со играч помалку, а Кастелјанос со удар од белата точка донесе почетно водство за лацијалите.

Лече и со десетмина на теренот покажа карактер и дојде до изедначување преку Тете Моренте во 50 минута. Овој резултат беше активен до самата завршница кога „бјанкочелестите“ пронајдоа начин и со голот на Марушиќ во 87 минута ги грабнаа трите бода со кои се на четвртото место на табелата.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни