Поврзете се со нас

Свет

Мартино за можниот трансфер на Нејмар: Нема да го доведеме секој што ќе купи куќа во Мајами

Објавено

на

Фото: https://x.com/Alhilal_FC

Медиумските шпекулации дека Нејмар се подготвува за трансфер во Интер Мајами и ќе им се приклучи на Лео Меси и уште неколку поранешни соиграчи од Барселона, го довеле тренерот Тата Мартино во ситуација да мора да зборува на оваа тема пред новинарите.

Аргентинскиот стручњак јасно потенцирал дека правилата на МЛС не оставаат простор за вакво засилување на тимот од Флорида и дека тој ангажман е невозможен под сегашните услови.

– Со Меси и другите момци овде, се може да се случи. Но, она што е реално е дека таков потег е невозможен освен ако лигата не направи нешто во однос на своите правила кои не се толку флексибилни.

– Лесно е да се пишува по медиумите за ваков потег, но не гледам начин како тоа би се имплементирало, – рекол Мартино, кој се пошегувал и со аргументот дека Бразилецот се подготвува за трансфер бидејќи наводно купил луксузна куќа во Мајами.

– Зарем сите што ќе купат куќа овде ќе станат наши фудбалери? Не можеме да коментираме нечиј трансфер само поради тоа што купил имот или има девојка од Форт Лодердејл, – рекол Мартино.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни