Шпанија
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал

Реал Мадрид и Барселона вечерва од 20 часот ќе водат битка за трофејот во Супер Купот на Шпанија, титула која може многу да значи за продолжението од оваа сезона.
Ова ќе биде втор сезонски меч на големите ривали, првиот убедливо им припадна на каталонците и тоа со 4-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Ваквиот резултат е доволна мотивација за „кралевите“ да побараат реванш, одмазда, а пак за Барса да потврди дека е подобра од „кралевите“, односно дека е подготвена за големи работи во натпреварувачката 2024/2025.
Ињиго Мартинез ако нема некое изненадување во последен момент треба да биде стартер кај Барселона што значи дека одново ќе има одговорна улога во дефанзивната. Тој е мотивиран и верува дека ја имаат формулата за успех над тимот кој го брани пехарот во ова натпреварување.
-Знаеме што треба да направиме, каде да го нападнеме Реал Мадрид и каде можеме да ги добиеме. Одиме на нив, полни со самодоверба и со повеќе од способен состав. Многу сме мотивирани и возбудени. Ова е првиот трофеј годинава и сакаме да го освоиме, може да не турка понатаму во другите натпреварувања, -порача стоперот.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет11 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија23 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Франција9 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија22 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)