Поврзете се со нас

Шпанија

Мартинез за шпекулациите кои кружат во Германија: Тој е идеален тренер за Барселона

Објавено

на

Foto:instagram.com/fcbayernbasketball

Хави Мартинез имаше блескава кариера во Европа и ги освои сите можни титули како играч на Баерн Минхен, но откако не доби примамливи понуди од клубови од стариот континент, Шпанец се пресели во Катар.

Искусниот играч за врска ја отвори третата година како член на ФК Катар, но поради блискоста со Шпанија и Баерн Минхен, си даде за право да ги коментира шпекулациите кои кружат во Германија.

„Билд“ веќе некое време пренесува дека Ханси Флик е прв избор на Жоан Лапорта за наследник на Чави Ернандес кој најави заминување, а Мартинез тврди дека поранешниот тренер на Баерн би бил идеален за каталонскиот гигант со оглед на фудбалската филозофија која ја негува.

– Во моментов има многу играчи во Барселона кои играат далеку под нивото од минатата сезона. Оваа сезона многу лесно примаат голови и играат со далеку послаб интензитет од лани. Во такви услови, навистина е тешко да освојувате бодови на секој меч. Мора да признаам дека бев шокиран кога дознав за одлуката на Чави, но од друга и го сфаќам. Беа многу сурови со него, во Барселона и во Мадрид медиумите те убиваат. Во Германија тренерската работа многу повеќе се почитува.

– Ханси Флик во Барса? Тој е многу добар тренер, има јасни идеи и секогаш ти ги кажува работите во лице. Тој е многу мирен и треба да направите голема глупост за да го изнервирате. Начинот на кој практикува фудбал е тотално ист како оној во Барселона. Под водство на Флик, во Баерн игравме како со Пеп Гвардиола. Тој напорно работи на физичката подготовка и имавме по два тренинзи на ден. Културата во Германија е многу поразлична од другите страни во Европа, – вели Мартинез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни