Поврзете се со нас

Германија

Мартинез за најдобрата „деветка“ на светот: Тој е животно!

Објавено

на

Искусниот шпански интернационалец, Хави Мартинез смета дека неговиот соиграч од Баерн Минхен, Роберт Левандовски е најдобрата „деветка“ во светот на фудбалот.

Полјакот игра брилијатно и во актуелнава сезона во која има учинок од 43 голови на 37 натпревари и е еден од главните „виновници“ за одличните резултати на клубот од „Алијанц Арена“.

-Тој ја има најдобрата година во неговата кариера. Се му оди, тој е животно, најдобрата „деветка“ на светот. Се надевам така ќе продолжи до август, -истакна Мартинез кој проговори и за Џошуа Кимих.

-Тој е роден лидер. Знае како да води, ќе виде легенда, ако не е веќе, -рече Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни