Поврзете се со нас

Германија

Мартинез за малерот Кејн: После 11 титули во низа, тој дојде во Баерн…….

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Хари Кејн се уште чека на првата голема титула во својата кариера, а иако тоа изгледа незамисливо после една година мината во Баерн Минхен, реалноста покажа дека Англичанецот пристигна во сезоната во која беше прекината неверојатната доминација на баварскиот великан.

После 11 последователни титули во Бундеслигата, Баерн Минхен беше детронизиран од Баер Леверкузен во историската сезона на Чаби Алонсо, па сето тоа направи англискиот репрезентативец да биде прикажан како уште поголем малер во светската спортска јавност.

Иако беше убедливо најдобар голгетер, Кејн уште една сезона заврши без освоен трофеј, проклетство кое сите се надеваат дека ќе прекине во 2025-та година.

На оваа тема говореше и Хави Мартинез, поранешниот играч за врска на Баерн Минхен кој за девет години на „Алијанц арена“ освои девет титули во Бундеслигата.

– Баерн е изразит фаворит за титулата оваа сезона, но се уште треба да се бори за неа. Има многу подеми и падови во Бундеслигата, но сепак е јасен фаворит. Се надевам дека ќе успее да ја освои и дека конечно Хари Кејн ќе ја освои титулата која толку многу ја очекува. После 11 титули во низа во Бундеслигата, тој дојде во Баерн и тимот не стана шампион…..

– Тоа беше навистина неверојатно, пристигна во Германија и Баер Леверкузен стана шампион. Сите имаме голема желба да ја освои првата титула и да го скрши проклетството кое го следи, – потенцира Мартинез во интервјуто за „Марка“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни