Поврзете се со нас

Европски првенства

Мартинез: Во пенал рулетот грешат само најхрабрите

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Роберто Мартинез одново беше дел од едно големо фудбалско натпреварување, но овојпат како португалски селектор и лидер на тимот во кој има микс од млади и возрасни фудбалери.

Португалскиот тим даде се од себе против Франција и имаше свои шанси да го однесе мечот на своја страна, но на крајот одлучуваа пеналите во кои помирни и посталожени беа Французите.

Главната разлика ја направи промашениот пенал на Жоао Феликс, а со оглед на тоа што го понесе епитетот на трагичар, офанзивниот фудбалер морал да биде тешен од сите во соблекувалната.

– Нашата соблекувална е многу сплотена и во моментов му помага на играчот кој доживува тешки момент. Во пенал рулетот грешат само најхрабрите, грешат само оние кои прифаќаат да изведат пенал. Покажавме многу добри работи на ова Европско првенство, има живот за нас и после 2024-та година.

– Жоао имаше лоша среќа, топката ја погоди стативата и отиде во аут. Не станува збор за недостасток на квалитет, едноставно имавме лоша среќа. На крајот загубивме, но загубивме со гордост. Не се предадовме ниту еднаш, загубивме во португалски стил. Нема да застанеме тука, овој тим во иднина ќе даде се од себе, – изјави Мартинез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни