Поврзете се со нас

Шпанија

Мартинез веќе испратил први сигнали дека се подготвува за клупата на Барселона

Објавено

на

Роберто Мартинез демантираше дека бил контактиран од раководството на Барселона за да биде наследник на Роналд Куман, но неговиот дипломатски речник нема да ги запре целосно шпекулациите за неговите амбиции.

Актуелниот белгиски селектор тврдеше дека не добил понуда за преземање на тренерската функција во Барселона, но од Белгија стигнуваат малку поинакви информации.

Извори на шпанските медиуми велат дека Мартинез веќе ги информирал челниците на Белгиската фудбалска федерација дека планира да ја прифати понудата на Барселона, во случај шпанскиот тим да го отпушти Куман.

Ова индиректно е знак дека Белгијците треба да размислуваат за негов наследник и тоа среде квалификациски циклус за Светското првенство во Катар.

Мартинез е шпански стручњак кој досега нема работено како тренер во својата татковина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни