Поврзете се со нас

Италија

Мартинез веќе донел одлука: Нема шанси за преселба во Саудиска Арабија…

Објавено

на

foto:twitter.com/Inter_en

Лаутаро Мартинез важи за еден од најдобрите напаѓачи на светот, а тоа многу добро го знае и неговиот клуб Интер кој во него гледа играч, столб на проектот и за во наредните години.

Иако веќе некое време се говори дека Аргентинецот ќе го продолжи договорот засега официјално тоа се нема случено, меѓутоа прашање е на време кога ќе имаме официјален печат и тоа го потврди агентот на напаѓачот, Алехандро Камано.

-Нема шанси за преселба во Саудиска Арабија бидејќи се договоривме за нов договор со Интер.

-Договорот е завршен, тој е капитен и ова е клучно за него, -порача Камано.

Мартинез ја заврши изминатава сезона со 27 голови и 7 асистенции на 44 меча за „нероаѕурите“ со кои засега е врзан до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни