Свет
Мартинез се погрижи за нова аргентинска фудбалска историја на натпреварот со Парагвај (Фото)

Емилијано Мартинез беше светецот чувар на Аргентина во големото финале на Светското првенство и со лудата одбрана спречи победа на Франција во 120-та минута, а потоа сите знаеме дека „гаучосите“ стигнаа до толку посакуваната титула.
Десет месеци подоцна, голманот на Астон Вила не знае што значи да се прими гол на натпревар кој го игра за својата репрезентација, па откако ја сочува својата мрежа и против Парагвај, постави историски рекорд во репрезентацијата.
Мартинез нема примено гол 622 минути и тоа е апсолутен рекорд во Аргентина, што само говори дека светскиот првак продолжува со извонредни изданија во одбрана и по крајот на мундијалот во Катар.
Еми последниот гол го прими во големото финале од Килијан Мбапе, а на следните седум меча ниту еднаш не ја вадеше топката од сопствената мрежа.
Аргентинскиот чувар на мрежата ги бранеше сите натпревари против Панама, Курасао, Австралија, Индонезија, Еквадор, Боливија и Парагвај, па оваа низа направи да влезе во историјата на својата земја.
Emi Martínez has set a new national record of 622 minutes without conceding a goal for Argentina. 👏
❌ Panama
❌ Curaçao
❌ Australia
❌ Indonesia
❌ Ecuador
❌ Bolivia
❌ ParaguayNo goals conceded since the #FIFAWorldCup final. 🤯 pic.twitter.com/r7K363z8H4
— Aston Villa (@AVFCOfficial) October 13, 2023
🫶🇦🇷😍 pic.twitter.com/T35MuzWJ2m
— Emi Martínez (@emimartinezz1) October 13, 2023
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 16 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча