Свет
Мартинез откако ја „оживеа“ репрезентативната кариера на Роналдо: Најмногу ме изненадија две работи кај него

Кристијано Роналдо беше резерва на последните натпревари со Фернандо Сантош и се чинеше дека неговата репрезентативна кариера е пред самиот крај, но истата и тоа како доби оживување од Роберто Мартинез.
Селекторската смена по мундијалот дојде како џек-пот за Роналдо и Мартинез веднаш стави до знаење дека ќе смета на капитенот, со кого водеше разговор меѓу првите пред да го одработи воведниот собир.
Поранешниот предводник на Белгија повторно го пронајде најдоброто во Роналдо и тој е прв голгетер на Португалците во квалификациите за Европското првенство, а откако оваа селекција обезбеди пласман на главниот турнир, селекторот се обиде да објасни кои две работи посебно го изненадиле кај искусниот голгетер.
– Никогаш не сум издвојувал едно име пред други, јас ги запознав сите фудбалери пред да го објавам првиот список. Кога се сретнав со Роналдо во Катар, сфатив дека се среќавам со една посветена личност која секогаш се става на располагање на тимот.
– Има освоено се во фудбалот и најмногу ме изненадија неговата понизност и желбата да му служи на тимот. За другото веќе бевме запознаени, тој е неверојатен професионалец и го чува телото на совршен начин. Ќе уживаме во него уште некое време, секој ден прави големи жртви за да потрае во фудбалот. Ако ја задржи љубовата која ја чувстува кон фудбалот, ќе уживаме во неговите игри уште некое време, – вели португалскиот селектор.
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 16 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 16 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 10 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча