Поврзете се со нас

Европски првенства

Мартинез оптимист пред Европското првенство: Не сме во војна со нив, тој ќе биде најдобар играч на ЕП

Објавено

на

Селекторот на репрезентацијата на Белгија, која е еден од фаворитите за освојување на титулата на Европското првенство, Роберто Мартинез отворено зборуваше за ситуацијата во која се наоѓа најдобриот играч на „црвените ѓаволи“, Еден Азар.

Азар никако не може да ги надмине проблемите со повредите кои го следат во текот на целиот негов престој во Реал Мадрид.

Последно крилниот фудбалер се повреди пред околу една недела, кратко по неговото враќање по повеќемесечната пауза поради повреда на глуждот.

Мартинез смета дека фудбалерот ќе биде способен да игра на Европското првенство и верува дека тој ќе биде најдобар играч на континенталниот собир, притоа потенцирајќи дека белгиската федерација не е во војна со Реал Мадрид.

– Белгија не е во војна со Реал Мадрид. Сите сакаме Азар да биде здрав. Мислам дека оваа ситуација може да се реши уште многу пред Европското првенство. Има уште многу време до тогаш и верувам дека Азар ќе биде најдобар играч на Европското првенство, -изјави Роберто Мартинез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни