Поврзете се со нас

Италија

Мартинез: Немам што да им љубоморам…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Лаутаро Мартинез имаше одлична сезона во која како лидер, најдобар стрелец го предводеше Интер до пехарот во Серија А.

Тој напредува од сезона во сезона и дефинитивно си ја зголемува цената на пазарот, интересот за неговите услуги што секако од една страна е проблематично за калчолигашот кој сака да го продолжи договорот кој е со важност до 2026 година.

Меѓутоа Аргентинецот сака да го добие тоа што го заслужува затоа што верува дека е меѓу најдобрите играчи на светот на својата позиција, поточно смета дека вреди како асови како што се Килијан Мбапе, Хари Кејн и Ерлинг Халанд.

-Немам што да им љубоморам, тоа го кажуваат бројките и трофеите. Некои од нив освоија помалку од мене. Морам да продолжам да работам одговорно како што ме научи татко ми, но можам да бидам на исто ниво како сите овие одлични играчи, -порача Аргентинецот кој запрашан за иднината со „нероаѕурите“ тој порача:

-Мислам дека навивачите не треба да ги знаат бројките. Очигледно зборувам само со Интер за тоа. Се зборува за 12 или 14 милиони евра, но повторувам, тоа се прашања меѓу Лаутаро и клубот. Освен тоа, тоа се бројки кои никогаш не ги спомнав, а ниту Интер. Зошто да зборуваме за ова? Наместо тоа, да зборуваме за љубовта кон Интер. Навивачите мора да знаат дека Лаутаро го сака градот Милано и овој тим. Лаутаро го сака овој клуб, па нема потреба да се грижите, -порача капитенот на италијанскиот првак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни