Поврзете се со нас

Италија

Мартинез: Не очекува фасцинантна борба за Скудетото

Објавено

на

Интер ги освои посакуваните трите бода во последниот меч од вчерашната програма во Калчо лигата, меч против Емполо кој фаворитот го доби со конечни 3:1.

Домаќините дури во вториот дел го скршија отпорот на противникот, победа која беше најавена со убавиот гол на капитенот Лаутаро Мартинез во 55 минута.

-Имаше малку лутина во мене, затоа што доаѓавме по ремито со Болоња каде што чувствуваме дека сме загубиле два бода. Беше комплициран натпревар, Емполи добро се снајде во првото полувреме, а потоа по паузата побрзо ја движевме топката и наоѓавме начин, со празнини меѓу линиите. Мислам дека ја заслуживме победата, -истакна Мартинез.

„Нероаѕурите“ имаат три бода помалку од лидерот Наполи, ама и меч помалку оној со Фиорентина на „Артемио Франки“.

-Ќе биде фасцинантно. Ние сме -3, имаме натпревар во рака, но како и секогаш треба да се фокусираме на нашиот сопствен пат, затоа што Интер мора да биде се подобар секоја година, -порача вториот најдобар стрелец странец (Серија А) во историјата на клубот од Милано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни