Поврзете се со нас

Англија

Мартинез направи почетничка грешка, реакцијата на Палмер ја отсликува сезоната на Челси (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Челси игра многу неконстантно од стартот на сезоанта и всушност своите најдобри изданија ги има во Куп натпреварувањата, па може слободно да се каже дека „сините“ денеска пропуштија добри шанси да се најдат во осминафиналето на ФА Купот.

1/16 финалната фаза ќе ни донесе преигрување на натпреварот меѓу Челси и Астон Вила, со тоа што вториот мел ќе се игра во Бирмингем, односно во домот на тимот кој го води Унаи Емери.

Челси денеска имаше поголеми шанси и преку Палмер двапати беше блиску до гол за победа, но онаа втората реакција на англискиот репрезентативец беше до толку лоша, што фановите почнаа да ја пресликуваат со сезоната која ја има тимот на Покетино.

Светскиот шампион Емилијано Мартинез направи голема грешка и ја шутна топката во Палмер, меѓутоа поранешниот играч на Манчестер Сити имаше катастрофална проценка и воопшто не испрати удар кон голот.

Ова се случи на средина на вториот дел, а бидејќи резултатот не се менуваше и до крајот, ќе гледаме реприза на „Вила парк“ за десетина дена.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни