Поврзете се со нас

Италија

Мартинез: Лукаку стана комплетен и најмоќен напаѓач во светот поради една личност

Објавено

на

По одличната етапа која ја имаше како менаџер во Премиер лигата, Роберто Мартинез веќе петта година е селектор на репрезентацијата која има најголем подем во изминатата деценија, селекцијата на Белгија која произведе навистина огромен број на фудаблски ѕвезди.

Една од нив секако е Ромелу Лукаку кој доживува втори ѕвездени моменти во италијанската Серија А, натпреварување во кое делува навистина незадрживо во последно време за останатите противници кои играат во одбраната. Белгискиот „ѕвер“ својата моќ на најдобар можен начин ја демонстрираше на дербито против Милан, а селекторот на „црвените ѓаволи“ потенцира дека Ромелу станал комплетен напаѓач поради влијанието од Антонио Конте.

– Лукаку во овој момент постигнува голови како што малкумина го прават тоа во фудбалска Европа. Креира голови и постигнува погодоци, креира и погодува, едноставно не престанува да го прави тоа.

– Тој пристигна во Милано во вистински момент, сега стана комплетен фудаблер и напаѓач, а тоа е така благодарение на Антонио Конте. Денеска не постои посилен и помоќен напаѓач од него.

– Не сум изненаден како се развива во Интер и во минатото гледав дека може да го прави ова што го прави сега. Лукаку е првиот човек кој постигнал гол на пет последователни дерби натпревари, тоа не е случајност, – потенцира Роберто Мартинез за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни