Поврзете се со нас

Свет

Мартинез: Копа Америка нема да биде последен турнир на Меси

Објавено

на

Foto:twitter.com/Argentina

Аргентинската фубдалска репрезентација се собра на Флорида, каде се подготвува за договорените пријателски натпревари, кои пак ќе бидат генерална проверка во пресрет на Копа Америка.

Лионел Меси ги предводи „гаучосите“ и ќе се обиде да донесе уште еден трофеј за својата репрезентација и земја, а неговиот колега Лисандро Мартинез е убеден дека турнирот кој ќе се игра во САД, нема да биде последен за рекордерот според бројот на освоени „Златни топки“.

– Лео е многу смирен и ужива во секој ден. Убаво е да биде тука бидејќи имаме одлична комуникација.

– Не гледам дека Копа Америка ќе биде последен голем турнир за него, тој е среќен и игра на импресивно ниво, тоа е реалната слика која можам да ја пренесам, – рекол Мартинез.

Во сличен стил на темата коментирал и селекторот Лионел Скалони.

– Ние Аргентинците сме премногу меланхолични. Веќе размислуваме за денот кога Меси нема да биде дел од репрезентацијата, додека тој е се уште со нас. Да уживаме во неговите настапи, она што го прави во моментов е многу важно, – рекол Скалони.

Аргентина ќе го започне настапот на Копа Америка со натпревар против Канада на 20. јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни