Поврзете се со нас

Англија

Мартинез киксираше, Нотингем ја нокаутираше Астон Вила со пресврт во последните минути (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/NFFC

Нотингем Форест го краде приматот кој го имаше Астон Вила минатата сезона, па тимот на Нуно Санто е убедливо најпријатно изненадување во првата третина од сезоната во Премиер лигата.

„Шумарите“ го покажаа тоа и во директната пресметка со Астон Вила која вечерва се одигра на „Сити Граунд“, на која иако губеа до самата завршница, на крајот се изборија за јуначки пресврт.

И покрај тоа што имаа негатива поради голот на Дуран во 63-та минута, играчите на Нуно Санто постигнаа дури три гола во последните десетина минути, од кои првиот беше поништен, а останатите два се впишаа во семафорот.

Првото израмнување беше поништено поради минимален офсајд, но Нотингем инсистираше да дојде до гол, па тоа го направи Миленковиќ со мала помош на Мартинез.

Аргентинецот киксираше и влезе со топката во својата мрежа, а тоа му даде ветер во грб на домаќините, кој брзо по голот за 1:1 во 87-та, постигна погодок и за целосен пресврт во 93-та минута.

Еланга се најде на вистинско место и ја смести топката меѓу нозете на Мартинез, па така Нотингем се избори за многу важна победа во битката за позициите кои носат излез во Европа.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни