Поврзете се со нас

Англија

Мартинез ја повтори клучната одбрана од финалето на СП против Челси (Видео)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/FIFAWorldCup

Челси им приреди нов шок на своите фанови и загуби на домашен терен од Астон Вила, натпревар на кој вистински херој беше најдобриот голман на Светското првенство.

„Златната ракавица“ од Катар се прикажа во најдобро светло на „Стемфорд Бриџ“ и режираше дури седум интервенции во победата од 0:2, но убедливо најдобра беше онаа на стартот на натпреварот.

Михаило Мудрик украде топка и се најде во стопроцентна шанса за гол, но Дибу ја потвори клучната одбрана од финалето во Катар и ја изведе истата техника како во дуелот со Коло Муани.

Аргентинецот ја испружи својата лева нога и спречи чист гол за водство на Челси, исто како што спречи победа на Франција во последната минуда од продолжението.

Во оваа ситуација, мора да се напомене дека навистина себичен беше и Мудрик, кој не додаде до осамениот соиграч на десната страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни