Поврзете се со нас

Италија

Мартинез ја посочи најголемата грешка на Интер оваа сезона

Објавено

на

Екипата на Интер го оправда статусот на фаворит и издвојува триумф во Сардинија над Калјари од 3-1 и со тоа остана во игра за пехарот во италијанскиот шампионат.

Матео Дармијан и Лаутаро Мартинез му ја донесоа 24. сезонска победа на составот од Милано кој последното коло ќе го дочека со два бода минус во однос на градскиот ривал Милан. Ова значи дека „нероаѕурите“ мора по секоја цена да ја победат Сампдорија, а во исто време да чекаат кикс, пораз на „црвено-црните“ против Сасуоло.

Нема да биде лесно да се оствари ова сценарио, но во таборот на Интер се оптимисти и порачуваат дека тие мора да си ја завршат својата задача.

-Тоа беше тежок натпревар, бидејќи и Калјари имаше голем влог, но ние требаше да победиме и среќен сум што тоа го направивме. Сега треба да победиме во финалниот натпревар и да се надеваме на најдоброто. Сè уште имаме можност да го освоиме Скудетото и затоа веруваме, -истакна Лаутаро кој порача дека најмногу жали за поразот од Болоња од 2-1.

-За жал, испуштивме многу важни бодови против Болоња. Ако имав шанса да повторам еден натпревар, тоа ќе беше тој, тоа беше навистина штета, -порача Аргентинецот кој дојде до 21. гол во Калчото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни