Поврзете се со нас

Свет

Мартинез ја доби наградата „Јашин“, Дрогба мораше да ги смирува Французите на гала-вечерта (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AFASeleccionEN

Емилијано Мартинез ја доби наградата „Јашин“ која се доделува на најдобриот голман на годината, а организаторите на свечената вечер се погрижија оваа ноќ да биде уште понезаборавна за Аргентинецот.

Организаторите на гала вечерта по повод „Златната топка“ го повикаа таткото на Емилијано да ја додели наградата на својот син, но интересна сцена од церемонијата во Париз беше и она што беше прикажано на видео-бимот.

Дидие Дрогба како водител на шоуто го запраша Мартинез за неговата најважна одбрана во животот, онаа која ја режираше во 120-та минута во дуелот со Коло Муани.

Мартинез тогаш им ги скрши срцата на сите француски фудбалски фанови, а интересно, Дрогба мораше да ги смирува домаќините и на денешната гала вечер.

Додека одбраната одеше во прилог, дел од присутните Французи ја исвиркуваа интервенцијата на Еми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни