Поврзете се со нас

Англија

Мартинез испрати емотивна порака по новата повреда која ќе го оддалечи од терените (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Манчестер Јунајтед славеше во пресметката со Вест Хем во Премиер лигата, но овој дуел донесе и лоши вести за „црвените ѓаволи“ поврзани со еден од најголемите борци во екипата, Лисандро Мартинез.

Аргентинецот се повреди и мораше да го напушти теренот во второто полувреме, па токму проблемот со коленото ќе значи нова пауза од терените.

Тој неодамна (14 јануари) се врати во комбинација за настап по „одморот“ од четири месеци, меѓутоа лошиот период за него продолжува и сега ќе биде во „аут“ најмалку осум недели.

-Сакам да се заблагодарам од срце за големата поддршка што ја добив и да ве уверам дека наскоро ќе се вратам таму и ќе се бориме заедно. Секогаш обединети, -порача Лисандро на социјалните мрежи по веста за новата повреда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни