Италија
Мартинез испиша историја во Интер, па порача: Ова не можев да го замислам…

Интер го совлада Феенорд со 2-0 и се приближи до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Калчолигашот даде по еден гол во двете полувремиња, во првото реализираше Маркус Тирам, додека во второто погоди Лаутаро Мартинез.
Токму за капитенот ова беше специјален момент затоа што дојде до 18. гол во елитното натпреварување со што стана најдобар стрелец на Интер во оваа конкуренција. Тој го надмина легендарниот Сандро Мацола, а по оваа испишана историја порача дека може да се види како член на „нероаѕурите“ до крајот на кариерата.
-Толку сум горд, не можев да го замислам ова. Работев толку напорно и оние што ме познаваат добро знаат низ сето она што го поминав, но не завршува тука, јас сакам повеќе. Со задоволство би играл за Интер цела кариера, иако очигледно тоа зависи од многу фактори. Многу сум среќен овде, го обновив договорот во текот на летото, одлучувајќи да останам.
-Секое утро се будам со желба да излезам на теренот за тренинг. И моето семејство е среќно овде, -порача Аргентинецот кој има договор со актуелниот италијански првак до 30 јуни 2029 година.
-
Англија23 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација14 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Светски првенства24 часа
Англија со нова победа без примен гол, прва радост за Албанија
-
Свет13 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија15 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Свет15 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Формула 113 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Шпанија14 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)