Поврзете се со нас

Англија

Мартинез имаше чудесна интервенција, Реднап го спореди со англиска легенда (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AVFCOfficial

Астон Вила вчера доживеа незгоден пораз од Нотингем Форест во Премиер лигата, а голманот Емилијано Мартинез воодушеви со еден потег на овој натпревар.

При резултат 0:0 во 60. минута од натпреварот, фановите на „шумарите“ веројатно веќе ја видоа топката во мрежата на Вила, но аргентинскиот голман со неверојатен рефлекс успеа да спречи негатива за домашниот тим.

Потегот донесе воодушевување и кај стручните коментатори на англиските медиуми, а најдалеку отиде Џејми Реднап.

– Не можам да се сетам на подобра одбрана и постојат повеќе причини за тоа.

– Веќе беше во позиција од која не можеше да влијае на играта и повторно успеа некако да реагира.

– Не можам да се сетам на подобра одбрана во Премиер лигата. Некако успеа да одбрани како да е магионичар. Овој потег единствено може да го споредам со легендарната одбрана на Гордон Бенкс по ударот на Пеле, – рекол Реднап.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни