Мартинез им испрати директна порака на Реал и Барселона за Азар

martinez-azar

Еден Азар беше убедливо најдобар играч на Белгија на се уште актуелното Светско првенство во Русија, турнир на кој „црвените ѓаволи“ утре ќе се одјават со натпреварот за трето место во кој ќе ги одмерат силите со Англија.

Пред истиот, свое обраќање пред јавноста имаше селекторот Роберто Мартинез, кој запрашан за последните силни шпекулации кои се поврзани за името на неговиот капитен, одлучи да испрати директна порака до Реал Мадрид и Барселона.

Двата шпански гиганти се споменуваат како клубови кои може да водат жестока битка за неговиот потпис, а Мартинез сега ги осоколи за такво нешто откако порача дека Азар е тип на играч врз кого може да градат цел проект.

– Азар е играч кој во овој момент, со сето искуство кое го поседува, е еден од ретките врз кои можете да градите победнички проект. Покрај тоа, има победнички менталитет, тој е вистински лидер, а најдобро е тоа што е тимски играч. Тој може да игра во секој тим што ќе посака, може да бира каде ќе игра, – истакна Мартинез.

Facebook Коментари