Поврзете се со нас

Англија

Мартинез и официјално си замина од Арсенал, нова шанса за Дени Илиев

Објавено

на

blank

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез и официјално реализираше трансфер од редовите на Арсенал во Астон Вила.

28 годишниот чувар на мрежата одлично ја пополни празнината во Арсенал која настана со повредата на Бернд Лено и покажа и докажа дека заслужува да биде прв голман во некој тим, па токму затоа се реши за трансфер во тимот од Бирмингем.

И додека се шпекулира дека Арсенал може да донесе нов голман, ова е шанса за нашиот Дејан Илиев кој е една од опциите за резерва на Бернд Лено на следниот натпревар на Арсенал.

Илиев можеше да биде на клупата за резервни фудбалери и на натпреварот против Фулам, но тој нешто подоцна ги започнал тренинзите во тренинг базата на Арсенал, па затоа Артета шанса му даде на Мат Мејси.

Се очекува Мејси, кој лани беше трет голман на Арсенал ова лето да замине на позајмица, па Илиев да остане во клубот како трет голман или евентуално како резервна опција за Бернд Лено доколку Арсенал не успее да ангажира нов чувар на мрежата.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни