Поврзете се со нас

Англија

Мартинез го провоцираше Роналдо пред пеналот, па саркастично го „поздрави“ промашувањето на Бруно (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед доживеа непријатен шок на „Олд Трафорд“ во завршницата од мечот со Астон Вила, бидејќи непосредно пред истекот на регуларните 90 минути прими гол за 0:1, а потоа не реализираше пенал во судиското надополнување.

Иако Кристијано Роналдо беше на теренот, Бруно Фернандеш ја презема одговорноста да ја изведе најстрогата казна, но помладиот Португалец со посрамоти со катастрофалниот обид.

Бруно ја испрати топката на трибината со ужасен шут, но во цело ова сценарио, според фановите на Астон Вила клучна улога одиграл и Емилијано Мартинез.

Голманот на Астон Вила со препознатливите „мајнд-гејмс“ се обидуваше да ги деконцентрира ѕвездите на Манчестер Јунајтед, па изрежира вистинско шоу пред изведувањето на пеналот, но и по истиот.

Популарниот Еми го провоцираше Роналдо и му порачуваше тој да го изведе ударот од 11 метри, а откако Бруно се посрамоти, фановите од трибините доловија каков бил неговиот танц со кој го прослави големото промашување на Фернандеш.

Aston Villa goalkeeper Emiliano Martinez dared Cristiano Ronaldo to take the 92nd minute spot-kick Manchester United were awarded at Old Trafford.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни