Поврзете се со нас

Англија

Мартинез по триумфот на Јунајтед го насмеа и Кин: Го испратив Траоре во… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед успеа да победи на првиот натпревар во новата премиерлигашка сезона, а менаџерот Ерик тен Хаг не криел дека е задоволен од играта во одбрана и начинот на кој неговите избраници излегле на крај со незгодните офанзивни играчи на лондонскиот ривал.

По средбата, аргентинскиот репрезентативец Лисандро Мартинез бил дел од отвореното студио на „Скај Спортс“, при што со една своја изјава успеа да го насмее и вообичаено резервираниот Рој Кин.

Џејми Карагер побарал коментар од дефанзивецот за дуелите со секогаш незгодниот Адама Траоре, а Мартинез признал дека првиот пат не се снашол најдобро, но се реванширал во вториот дуел.

– Навистина е тешко да се игра против него, но ја научив лекцијата од првиот дуел.

– Во првиот дуел тој ме „уби“, но во вториот му возвратив, го испратив во теретана… – рекол дефанзивецот на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни