Поврзете се со нас

Лига на нации

Мартинез го извади Леао на полувреме и даде објаснување за својата тактичка одлука

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Рафаел Леао навистина не минува низ добар период во својата кариера, бидејќи по разочарувачката сезона која ја остави зад себе, новата исто така не ја стартуваше воопшто добро.

Португалскиот крилен напаѓач беше резерва на дербито против Лацио и доби јасен сигнал од новиот тренер Пауло Фонсека, а вчера беше првиот играч кој беше повлечен од Роберто Мартинез на мечот против Хрватска кој заврши 2:1.

За да биде уште повпечатливо, Леао беше изваден од игра по само 45 одиграни минути во Лисабон, и тоа поради тактичка корекција од страна на селекторот.

Мартинез смета дека Нуно Мендеш и Леао се уште не изгледаат највоиграно на левата страна, по што решил да го извади Рафа за да му даде поголема слобода на левиот бек.

– Рафа беше изваден од игра за да ги прилагодиме позициите на теренот. Сакав да играм повисоко со Нуно Мендеш по левата страна и затоа го извадив Леао. Тоа е што е, вакви одлуки се дел од фудбалот. Имаме нов натпревар за три дена и мора да се чува енергија кај секој фудбалер. И тоа беше една од причините за мојот потег, – објасни Мартинез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни